Skip to main content

Шефот на германската дипломатија во вторник во Скопје

 Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија Јохан Вадефул на 18 ноември доаѓа во Скопје во рамки на неговата некокудневна посета на државите од Западен Балкан, соопшти Германска амбасада во земјава.

Ваделфул ја започнува турнејата низ регионот на 16 ноември, а покрај Скопје, ќе ги посети и Сараево, Подгорица, Тирана, Белград и Приштина.

Шефот на германската дипломатија ќе биде придружуван од пратеници на германскиот Бундестаг.

– Посетата се надоврзува на средбата на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес и потенцира дека земјите од Западен Балкан претставуваат приоритет во надворешната политика на Германија, се вели во соопштението од Германската амбасада

Поврзани вести