
Вчера во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Е.К.(33) од Албанија, со престој во Тетово.
При претрес во домот во кој живее под наем, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се три пакувања со марихуана.
Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски








