
Новоизбраниот градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски од денеска го почна својот мандат.
Во објава на Фејсбук, тој сподели дека 13 ноември – Денот на ослободување на град Скопје, воедно е и негов прв работен ден како градоначалник на Општина Карпош.
Во свечена и пријатна атмосфера, од страна на Општинската изборна комисија го добив уверението за градоначалник, со што и официјално ја презедов функцијата. Посебна чест ми беше да ја поздравам Др. Добрила Андоновска, најстариот советник во Општина Карпош, заедно со сите советници, и да им посакам успешно мандатно работење и добра соработка во интерес на граѓаните, истакна Лукровски.
Со големо чувство на одговорност почнуваме ново поглавје во развојот на Општина Карпош – заедно, во служба на граѓаните!

Македонски








