
Стив Бенон, една од клучните фигури во победничката кампања на претседателот Доналд Трамп во 2016 година, неодамна зборуваше за Унгарија во своето онлајн политичко-коментаторско шоу „Бенонова воена соба“ (Bannon’s Warroom).
Клипот од епизодата беше објавен во петокот, 7 ноември, но повеќето унгарски медиуми го пренесуваат денеска. Коментарот беше по повод средбата на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан со Трамп.
Во видеото споделено во неговата објава на платформата Икс, Бенон го фали премиерот Орбан. „Виктор Орбан докажа дека националната сила доаѓа од одбраната на границите, а не од нивно предавање на глобалистите“, напиша Бенот.
Гледате како Германија колабира, гледате како Франција колабира, гледате како Англија колабира. Не гледате колапс на Полска или Унгарија. Всушност, го гледате токму спротивното. Гледате како напредуваат. А зошто напредуваат? Ги гледате како напредуваат. А зошто напредуваат? Тие остро се побунија за тоа што не беа преплавени од масовна имиграција. И, секако, Германија го поздрави тоа, Франција го поздрави тоа, а Англија го поздрави тоа. Шведска и другите сега се многу повредени. Значи, Виктор Орбан, еден од големите, еден од вистинските големи, повторно се кандидира. Мислам дека изборите се во април, а тој е таму 16 години. Толку време беше потребно за да се бориме против Сорос и да ги средиме работите“, коментира Бенон.
Тој служеше како главен извршен директор на претседателската кампања на Доналд Трамп од август 2016 година до нивната победа на изборите во ноември. Од јануари до август 2017 година, тој работеше како виш советник на претседателот Трамп.
Инаку, Бенон беше осуден на тригодишна условна казна без затворски престој, откако призна вина за заговор за измама. Тој беше обвинет за перење пари и заговор, а според обвинението, во 2019 година измамил донатори кои донирале над 15 милиони долари за приватната кампања „Ние го градиме ѕидот“ (We Build the Wall), која се организираше во текот на првиот мандат на Трамп.
Обвинението наведува дека Бенон им ветил на донаторите дека сите средства ќе одат за изградба на ѕидот, но дел од парите биле пренасочени кон извршниот директор на проектот, Брајан Колфејџ, војник-ветеран кој претходно вети дека нема да зема плата.
Колфејџ во април 2022 година се изјасни за виновен по обвиненија за измама и затајување данок и беше осуден на повеќе од четири години затвор.

Македонски









