Skip to main content

Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски денеска во видео објава на Фејсбук се осврна на рехабилитацијата на обиколницата кај Крива Паланка која води до соседна Бугарија.

Во натписот на видео објавата, министерот вели дека станува збор за многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија.

Обиколница на Крива Паланка е проект со кој го поттикнуваме регионалниот развој и соработка, во истовреме обезбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај – истакна Николоски.

Поврзани вести