Skip to main content

Лукашенко ги повика Украинците да дојдат во Белорусија: Ќе имаат исти услови за образование и медицина како Белорусите

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изрази подготвеност да ги прифати Украинците во неговата држава, ветувајќи дека ќе ги изедначи нивните права со правата на локалните жители во однос на медицината и образованието.

Отворени сме. Ве молиме дојдете, Украинци. Со задоволство ќе ве пречекаме. Ќе им обезбедиме на вашите семејства, на вашите деца живот како оној на Белорусите во однос на образованието и здравствената заштита“, изјави Лукашенко.

Белорускиот претседател додаде дека за него и за Белорусите, Украинците се благослов.

Тие се многу вредни луѓе кои нè разбираат и зборуваат ист јазик како нас“, изјави Лукашенко

Поврзани вести