
Во куќа на улицата „15-ти Корпус“ во Струга, вчера околу 17:20 часот, била пронајдена почината 56-годишна жена, информираше Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во ОВР Струга од Итната медицинска помош, откако екипа на терен го затекнала телото на Б.В. (56) во домот сопственост на Р.М. (55), двајцата од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга.

Македонски








