Skip to main content

Струга Трим Лум во чекор ја следи Шкендија на врвот

Струга го продолжи максималниот ефект во новата сезона на домашен терен, триумфирајќи вечерва над Брегалница со 4-0 во натпревар од 5 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Триумфот на домашниот тим го навести Малески во 14 минута, а напаѓачот на Струга беше прецизен и во 48 минута за водство од 2-0.

Агамах по еден час игра зголеми на 3-0, а печат на победата на Струга стави Шабани во 75 минута.

Претходно денеска, Шкендија извојува гостинска победа над Силекс од 1-0.

Арсими утре е домаќин на Скопје, Башкими в недела ја пречекува Шкендија Арачиново, а Вардар, в понеделник, му гостува на Тиквеш.

Поврзани вести