
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го пофали својот тим за победата (2:0) над Лацио синоќа во домашниот натпревар од 11. коло од италијанското фудбалско првенство.
– Ми се допадна нивниот пристап и желба да ја контролираат играта. Ја разбравме задачата и добро се справивме со неа. Не е лесно да се одржи тој менталитет играјќи на секои три дена. Но, сите придонесуваат, а ротацијата ни дава одмор, што ни овозможува да играме така. Ова беше седми натпревар за 18 дена, но играчите наоѓаат сила да доминираат, изјави Романецот за „DAZN“.
Интер со 24 бода по 11 натпревари е лидер на табелата во Серија А

Македонски








