Skip to main content

Тајфунот Калмаеги усмрти најмалку пет лица

Freepik

Најмалку пет лица загинаа откако тајфунот Калмаеги вчера го погоди централниот дел на Виетнам. Виетнамските централни провинции Дак Лак и Џа Лај беа погодени од обилни дождови и ветер со брзина до 149 километри на час.

Невремето предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, затворени се шест аеродроми и откажани се стотици летови. Железничката линија во Куанг Нгаи е оштетена, а поплавени се голем број куќи.

Владата на Виетнам соопшти дека мобилизирала повеќе од 268.000 војници за пребарување и спасување и предупреди на потенцијални поплави во ниските области и лизгање на земјиштето.

Тајфунот Калмаеги е 13-та бура што во погоди Виетнам оваа година.

Претходно, Калмаеги на Филипини усмрти 188 луѓе и предизвика голема материјална штета.

Поврзани вести