Skip to main content

Норвешка ќе вложи 16,5 милиони евра за да ја зајакне границата кон Русија

moneyforcoffee-from-pixabay

Норвешка планира сериозно да ја зајакне својата државна граница кон Русија.

Полицијата и вооружените сили на Норвешка се согласиле да го модернизираат системот за гранична безбедност на границата. За подобрување на системот за надзор на границите, ќе бидат поставени нови стражарски кули, сензори за откривање и набљудување, а во некои области и дронови.

Норвешката Влада и ЕУ издвоиле 16,4 милиони евра за реализација на овие планови. Пилот-проектот ќе биде делницата во близина на поранешниот граничен премин „Скаферхулет“.

Поврзани вести