Skip to main content

Мицевски на Генерално собрание на EFAD- претставени предизвиците со кои се соочи Агенцијата за филм и конкретните чекори за стабилизирање на системот

Агенцијата за филм на Република Македонија учествуваше на Генералното собрание на EFAD (European Film Agency Directors Association), што се одржа во Копенхаген, Данска. Настанот ги собра директорите на националните филмски агенции од цела Европа, со цел размена на искуства, идеи и добри практики за развој и унапредување на европската филмска индустрија.

Во рамките на собранието, директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски имаше свое обраќање во делот „Member Update“ со презентација на тема „How to stay continuously resilient?“. Преку ова излагање, беа претставени предизвиците со кои се соочи Агенцијата во изминатиот период, како и конкретните чекори и мерки што беа преземени за нивно надминување и стабилизирање на системот за поддршка на националната кинематографија.

Презентацијата пред европските колеги ја нагласи посветеноста на Агенцијата за филм кон транспарентно, ефикасно и одржливо работење, со цел создавање стабилна и поттикнувачка средина за филмските автори и продуценти во земјата. Посебен акцент беше ставен на стратегиското преструктурирање, дигитализацијата на процесите и зајакнувањето на меѓународната соработка.

Поврзани вести