
Koнтроверзниот Виктор Стојанов, Бугар од Македонија кој има забрана за влез во нашата земја вели дека Цеца има бугарски корени и затоа на концертот во Велес се нагрнала со бугарското знаме. За него, бугарското знаме е симбол на културата, духовноста и слободата.
Светлана Ражнатовиќ, родена Величковиќ, од селото Житораѓа, село кое било дел од бугарската егзархија во рамките на Нишката епархија и егзархија до ослободувањето во 1877 година. Ова значи дека нејзиниот роден град, како и самиот Велес, бил дел од духовниот и културниот простор на бугарската нација. Во овој контекст, нема ништо скандалозно во тоа што личност со такви корени го крева бугарското знаме. Напротив, тоа е чин на признавање на сопствената историја. Фондацијата „Македонија“ отсекогаш го бранела правото на луѓето да бидат горди на своите вистински корени и историска вистина. Бугарското знаме е симбол на културата, духовноста и слободата. Тоа не разделува, туку обединува. Да не ја претвораме гордоста во омраза. Вистината не може да биде скандал. Ил инденското востание во 1903 година беше кренато со бугарското национално знаме“, вели Стојанов.

Македонски






