
Според најновите резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК) вечерва во 21:00 часот, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ води во 21 општина низ државата, што ја потврдува нејзината доминантна позиција во вториот круг од локалните избори.

На второ место е коалицијата ВЛЕН со водство во 4 општини, додека СДСМ засега има предност во 3 општини.
По една општина засега се под водство на Унија на Роми и Движење ЗНАМ.
Вкупно се обработени 94,03% од избирачките места, што значи дека конечните резултати сè уште може да претрпат мали промени, но трендот на убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ е веќе извесен.

Македонски






