Skip to main content

Неочекуван потег: Братот на Лидија раскажа сè, ова е вистината за „кумот“

Времето поминува, а случајот паѓа во заборав. Нема ниту трага, ниту глас од 43-годишната скопјанка Лидија Трајковска која од осми ноември се води за исчезната.

Таа кобниот ден излегла од дома во раните утрински часови, без лични документи и мобилен телефон, по што ѝ се губи траг.

Очајни и беспомошни, сега повторно се огласија во јавноста братот и сестрата на Лидија. Сведочат дека останале сами во оваа битка, бидејќи нивните родители веќе немаат сили, а и здравјето им се влошило по немилиот настан.

Братот на Лидија, Александар, вели дека иако никој со сигурност не може да тврди дека телото завршило во Вардар, тој ги моли институциите да ангажираат добро опремени нуркачи, за детално да се провери коритото на реката и да се отфрлат сите сомнежи. Тој апелира и надлежните во случајот да извршат полиграфско тестирање на две лица, на сопругот на Лидија и на уште едно лице кое било во врска со неа, а чиј идентитет ѝ бил познат на полицијата.

„Има бројни коментари да не ја бараме Лидија, бидејќи наводно побегнала со ‘кумот’. Такво нешто нема, ете го ‘кумот’ кој всушност и не ѝ е кум на сестра ми, овде е, никаде не е побегнат, а полицијата го знае неговиот идентитет“, раскажува Александар за „Фокус“.

И сестрата на Лидија, Билјана, не е задоволна од надлежните за случајот.

„Мене лично од полиција ми имаат кажано дека најверојатно Лидија е во Вардар. Ако се сомневаат дека е таму, зошто не ја најдат? Сакавме да ангажираме стручни тимови од соседна Србија, да помогнат во пребарувањето на реката, ама нашите ни рекоа дека нема потреба од помош од страна. Штом нема потреба, зошто тие веќе 50 дена не можат да ја најдат? Што е тоа кое е поприоритетно од човечкиот живот? Нека се ангажираат масовно Тигрите и да бидеме на чисто околу тоа дали Лидија е во реката и што ѝ се случило“, вели таа.

Пред еден месец во медиумите даде изјава и бремената ќерка на Лидија. Таа тогаш изјави дека низ градот се слушаат разни приказни за нејзината мајка и истите ги прокоментира како дезинформации.