Вчера во 10.50 часот во СВР Тетово, М.А.(66) од с.Долно Седларце, директор во општинско јавно претпријатие од
Брвеница, пријавил дека Ш.И. од с.Милетино, вработен како инкасант во претпријатието, ја злоупотребил својата положба на тој начин што во текот на 2023 и 2024 година, вршел читање на водомер и наплата кај корисниците во нивните домови во с.Милетино и с.Блаце, при што парите ги присвоил за себе и не ги предал во благајната на претпријатието.
По извршените проверки, констатирано е дека претпријатието е оштетено за околу 120.000 денари.
Случајот во претпријатието го потврдувале корисниците на тие услуги, кои приложиле сметки дека им се наплатени услугите, додека од страна на надлежните сектори во претпријатието не биле приложени средствата и уплатниците и истите корисници фигурираат задолжени со неплатени сметки. Ш.И. бил предупреден да ги врати парите, но до пријавувањето не го сторил тоа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.