Skip to main content

Трамп: Примирјето не е во опасност

Најмалку 33 Палестинци загинаа во серија израелски воздушни напади откако Тел Авив нареди одговор на, како што рече, кршењето на прекинот на огнот по нападот на Хамас врз израелски војници на југот од Газа. Трамп истакна дека примирјето не е во опасност, но треба да се почитува.

„Тие убија еден израелски војник и Израелците возвратија, и треба да возвратат. Кога тоа ќе се случи, треба да возвратат. Имаат право да го сторат тоа, ништо нема да го загрози договорот за прекин на огнот“, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.

Хамас негира вмешаност. Најави одложување на предавањето на тело на заложник како одговор на израелските прекршувања.

Поврзани вести