Skip to main content
АБА 2

ТФТ Скопје ја совлада Војводина

КФСМ

Кошаркарите на ТФТ Скопје ја забележаа втората победа во регионалната АБА 2 лига, откако на домашен терен ја совладаа Војводина со 75-71 во рамки на 2. коло.

Натпреварот беше резултатски израмнет по првите три четвртини, по што гостинскиот тим влезе во серија успешни напади и поведе со највисоки плус девет поени разлика (65-56).

Сепак, избраниците на Боро Смилковски во продолжението ги консолидираа своите редови и го однесоа натпреварот во неизвесна завршница во која ТФТ на крајот извојува заслужена победа, втора оваа сезона, по стартниот триумф на гостински терен над Раднички.

Гордон со 21 и Ташовски со 18 поени беа најефикасни во редовите на ТФТ Скопје.

Во 3 коло, ТФТ Скопје на 5. ноември го пречекува словенечкиот тим Хелиос Домжале. 

Поврзани вести