Skip to main content

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека поради слабата излезност на првиот круг од локалните избори не победил уште тогаш и оти верува дека во недела на 2 ноември, кога ќе се одржи вториот круг од изборите, граѓаните ќе излезат во поголем број и оти ќе победи. 

Ѓорѓиевски истакна дека досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидатите на локални избори во Градот Скопје, како што е разликата помеѓу него и Амар Мециновиќ од Левица. 

При претставувањето на кандидатите за градоначалник на Скопје во дебатата на Канал 5, Ѓорѓиевски истакна дека е политиколог и доаѓа од приватниот сектор, како и дека е горд што е член на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ, пак, кажа дека студирал на Политички студии но дека нема дипломирано.

Ѓорѓиевски во дебатата го праша Мециновиќ, кој е пратеник од Левица, дали ќе поднесе оставка по поразот во понеделник. 

Поврзани вести