Skip to main content

Од плинска боца и болјер се запалија две семејни куќи во Куманово

Плинска боца предизвикала пожар во семејна куќа во Куманово, опожарен бојлер зафатил и кровна конструкција на куќа во Черкези, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.  

Пожарникарите интервенирале на опожарена плинска боца во семејна куќа на улица „Народна Револуција”.  Интервенирано во 10: 20 часот со едно  возило и петмина пожарникари .Зафатена била една соба од објектот при што е направена материјална штета која допрва ќе се утврдува, соопшти РЦУК. 

Пожарот е локализиран и завршен во 11:20 часот.

Втората интервенција на опожарен бојлер во семејна куќа во село Черкезе во временски период од 16: 25 до 17: 25 часот. Пожарникарите интервенирале со една екипа.  Пожарот ја зафатил и оштетил кровната конструкција на објектот, причината како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува. 

Поврзани вести