
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при посета на општина Пробиштип, ги повика граѓаните на Пробиштип, но и на цела Македонија во недела на 2 ноември да излезат на гласање што е можно помасовно и да го дадат својот глас онака како што тие мислат дека е најдобро.
Но, убеден сум дека кога ќе застанете позади параванот, со пенкалото во рака и со гласачкото ливче пред вас, ако го слушате разумот и вашето срце и длабоко погледате во вашата душа, ќе видите и ќе препознаете дека таму извира бројот 9 и името на Тони Тоневски. И јас сум убеден дека тоа ќе биде вашата опција за следните четири години“, порача Мицкоски.

Македонски








