
Долгометражниот документарен филм “Планината не оди никаде” во режија на Петра Селишкар, проект во кој Македонија се јавува како копродукција, доби три значајни награди на 28. Фестивал на словенечки филм во Порторож!, , соопшти Агенцијата за филм на својот фејсбук профил.
Наградата ВЕСНА за најдобра режија, доделена на Петра Селишкар
Уште една ВЕСНА за најдобра монтажа, доделена на Лорелин Делом и Сашко Потер Мицевски
Како и наградата за најдобар долгометражен филм избран од Арт Кино мрежата на Словенија
Филмот, кој имаше македонска премиера на годинешниот МакеДокс, е приказна за тројца браќа овчари во Македонија кои со стадото и своите кучиња живеат по неколку месеци на планина на 2.400 метри надморска висина.
Честитки до целата екипа!

Македонски








