
Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Аеродром истакна дека во наредните четири години со поддршка од Владата и Град Скопје ќе се реализираат важни проекти, ќе се вложува во безбедни училишта и градинки, паркови со зеленило, спортски сали и културни центри кои ќе го подобрат животот на граѓаните на општината.
-Во наредните четири години, со поддршка на Владата, со поддршка на идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ќе направиме уште повеќе, уште подобро и уште поубаво место за живеење. Ќе продолжиме со започнатите активности, а во план се и многу други, вели Митески.
Тој им се заблагодари на граѓаните за постигнатиот резултат во првиот круг и ги повика во вториот круг масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9, за историска победа и развој на Аеродром.
-Ве повикувам сите масовно да се вклучиме и на 2 ноември, ВМРО-ДПМНЕ да слави уште поголема и поубедлива победа во Аеродром, кажа Митески.

Македонски








