Skip to main content

Курти нуди да прифати азиланти од Велика Британија, а Британците да му помагаат против Србија и Русија

Facebook / Albin Kurti
Facebook / Albin Kurti

Курти ѝ нуди на Велика Британија: Ние прифаќаме баратели на азил, а вие ни помагате да се соочиме со Србија и Русија

Властите во Приштина, на чело со косовскиот премиер Албин Курти, ѝ понудиле на Велика Британија на Косово да прифатат мигранти чии барања за азил се одбиени од официјален Лондон, објавува „Тајмс“.

Сакаме да ѝ помогнеме на Велика Британија. Го гледаме тоа како пријателска и политичка обврска“, весникот го цитира Курти.

Според изданието, за возврат, Косово би очекувало поддршка од Лондон во соочувањето со „заканите што доаѓаат од Србија и Русија“.

Поврзани вести