Skip to main content

Поради масивни снежни врнежи воведена забрана за тешки возила на патот од Крива Паланка до бугарската граница

Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Како што наведуваат во кусото соопштение, поради врнежите од снег од 19.45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Од 19. 45 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“. 

Поврзани вести