Пејачката Јелена Карлеуша, откако го поддржа српскиот претседател Александар Вучиќ, доживеа грозоморен медиумски линч, а сега се осврна на однесувањето на луѓето на социјалните мрежи.
Taa напиша:
Најголемите и најважните отсекогаш биле мета на напад на безимените. Затоа што ирелевантноста и неуспехот ги обединуваат сличните, а успехот ги изолира успешните и силните. И затоа кога гледаш дека некој го напаѓаат сите, тој е најјак затоа што може да го издржи притисокот, најдобар затоа што инаку никој не би бил заинтересиран и најкоректен затоа што го напаѓаат толку лоши. Најдобрите луѓе секогаш имаат малку пријатели и многу непријатели. Во која категорија на луѓе припаѓате вие?