Skip to main content

Новиот систем за влез во ЕУ сериозна „главоболка“ за возачите на камиони – Ќе бидат третирани како туристи

МИА

Новиот систем за влез во Европската Унија (ЕУ), кој вклучува електронска регистрација и биометрија, може да предизвика големи проблеми во меѓународниот транспорт. Возачите на камиони се плашат бидејќи, како што велат, се третираат исто како туристи, што може да го загрози протокот на стоки и да влијае на економијата, пишува Forbes Serbia- пренесе Каматица.

Неѓо Мандиќ од здружението „Меѓународен транспорт“ за Forbes Magazine вели дека неколку пати разговарале за овој проблем со претставници на ЕУ.

– Од првиот ден кога сфативме дека проблемот ќе дојде, почнавме да работиме на тоа и постојано се допишувавме со Европската комисија. Бевме и во Брисел пред неколку месеци и имавме добра презентација во која ги објаснивме сите причини зошто нема причина да има ограничување за професионалните возачи, со сите аргументи кои се неоспорни – истакна Мандиќ.

Тој наведува дека ги споредиле целите што ги имала ЕУ при воведувањето на системот и објасниле дека возачите не спаѓаат во таа категорија. Возачите се посебна група луѓе кои многу често и исклучиво професионално влегуваат во ЕУ.

Мандиќ предлага потенцијално решение:

– Постои друго решение, а тоа е виза за професионална група за возачите да се сметаат за професионална група и да се добие посебна виза за повеќекратни подолги престои – вели тој.

Поврзани вести