
Почитувани, како дел од мојата програма приоритет ни се менување на старите фасади на сите згради кои се постари од 25 години, истакна денес кандидатот за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски.
Ќе изградиме енергетско ефикасни фасади со кои ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, нормално ќе се намали и загадувањето, бидејќи ќе нема толку потреба од користење на дрвна материја и ќе се намалат трошоците и ќе се зголеми квалитетот на животот на нашите сограѓани.
Ти одлучуваш!, потенцира Јовановски.