Имав одлична дискусија со шефот на Одделот за сигурност при Мисијата на ОБСЕ, Едвард Андерсон. И двајцата имаме оперативно искуство и се согласивме тоа искуство да го преточиме во плодна соработка, при што следна цел ќе ни биде унапредување на оперативните резултати на Царинската управа, објави на социјалните мрежи Бобан Николовски, директор на Царинската управата.
Истакнав дека работиме на менување на свеста на царинските службеници, како и на поблиска соработка со царинските управи во регионот и ЕУ но и пошироко со цел размена на информации во реално време заради ефикасност во истрагите. Целта ни е Царинската управа да биде водечка во регионот и препознаена во светски рамки по одличните резултати и централна точка во спречување на меѓународни канали на нелегална трговија, објави Николовски.