Skip to main content
Мицкоски пред доаѓањето на Фон дер Лајен

Без гаранции од ЕУ за посебен македонски идентитет, јазик и култура нема уставни измени

Премиерот Мицкоски вчера упати конкретно барање до Европската унија за тоа како може да се одблокира евринтегративниот процес на Македонија. Тој е дециден дека без гаранции од ЕУ не му паѓа напамет да почне процесот на уставни измени. Се очекува ова да и биде пренесено и на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на средбата во среда во Скопје.

-Мораме да го искористиме овој ден да испратиме јасна политичка порака: ДА за членство во ЕУ. Свесни сме дека тој пат за нас не беше фер и нема да биде фер. Но НЕ за билатерални услови и ДА за гаранции од Европскиот Совет, кој што мора ако навистина сака да ја види оваа мала земја која во историјата многу пати покажала дека местото и е заедно со нив во заедницата на европските народи. Да испратат еден заклучок уште на следниот Европски Совет во кој јасно ќе кажат дека никој од нив нема проблем со посебниот македонски идентитет, дека никој од тие 27 членки нема проблем со македонскиот јазик кодифициран пред  80 години и дека никој нема проблем од нив со повеќевековната македонска култура, традиција, обичаи на кои се основа и темели македонскиот идентитет. Да речат доста е, нема повеќе вето и препреки поради билатералните прашања, порача Мицкоски.

Поврзани вести