Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот кој траел со години на компанијата Марковски, сега е на пат да биде амнестиран благодарение на поединци од судството на Заев и Филипче

Компанијата Марковски, блиска до Заев и Филипче, го олеснила буџетот на државата за 100 милиони денари, а судот доделува куќен притвор на сопственикот, наместо ефективен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Марковски компани за кој велат дека сега е фатен на дело за местење на тендер, години наназад во соработка со Заев и Филипче, заработи над 200 милиони евра.

Јавноста заслужува одговори, каде завршија милионите од тендерите? Дали Заев и Филипче ги вложија во бизниси во Бугарија или Дубаи? Или пак во јахти, авиокомпании и златни визи?

Криминалот кој со години го правеле Заев, Филипче и Марковски компани е на чекор од амнестија, благодарение на пулените на СДС во судството.

Но, одговорноста доаѓа. Нема да дозволиме судството на СДС и ДУИ да ги ослободува криминалците кои царуваат благодарение на нив. Време е криминалците наместо на улица, да бидат зад решетки, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести