Skip to main content

Со Шопенова вечер завршува 34. издание на „Интерфест“

Со Шопенова вечер, што ќе ја приреди италијанскиот уметник и пијанист Џанлука Луизи, вечер во Битола завршува 34. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.

Во периодот од 2 до 10 октомври на фестивалските сцени во Битола настапија уметници од Австрија, Италија, Швајцарија, Шпанија и од Србија, кои заедно со македонските уметници изведоа концерти и музички рецитали.

Годинашниот „Интерфест“ почна со изведба на едно од најмоќните дела на 20 век, „Катули Кармина“ од Карл Орф, а во рамките на фестивалот беше одбележана и 100-годишнината од раѓањето на битолчанецот Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“.

Во рамките на фестивалот се одржа традиционалната манифестација „Подиум на млади“, а беше отворена и изложба со дела од творештвото на ликовниот уметник Ранко Струмениковски.

Поврзани вести