Skip to main content

САД воведоа санкции против Нафтената индустрија на Србија

Утрово во шест часот стапија на сила санкциите на САД против Нафтената индустрија на Србија (НИС), поради мнозинскиот руски капитал во сопственичката структура на компанијата.

Од НИС информираа дека Министерството за финансии на САД не им ја продолжило специјалната лиценца што досега овозможуваше непречено работење, но нагласуваат дека приоритет ќе им биде редовното снабдување со нафтени деривати на домашниот пазар и зачувувањето на социјалната стабилност на вработените.

Директорката на малопродажниот оддел, Бојана Радојевиќ, изјави дека компанијата подготвено ги дочека санкциите и дека нема причина за паника.

Нашите бензински пумпи се оптимално снабдени со сите видови горива, имаме доволни количини на залихи и на сурова нафта, што е клучно за понатамошното производство. Продажбата се одвива во редовен режим, без ограничувања за граѓаните – изјави Радојевиќ.

Таа додаде дека платниот промет засега функционира нормално, но дека можно е во текот на денот да се појават краткотрајни прекини.

Доколку дојде до промени, потрошувачите ќе можат да плаќаат со готовина, со платежни картички Дина или преку апликациите за мобилно банкарство. Снабдувањето ќе продолжи непречено и во наредниот период – нагласи Радојевиќ.

Поврзани вести