Skip to main content

Костадиновски: Одлуката за Законот за јазиците ќе биде донесена без оглед на притисоците над Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во интервју за ТВ21, во емисијата „Клик Плус“, одговори на прашања поврзани со најновите одлуки на Уставниот суд, целта на подготвителната седница и на повиците за негова оставка од политичката партија ДУИ.

Во врска со повиците за оставка, Костадиновски јасно порача:

Апсолутно не гледам никаква основа за поднесување оставка и не сметам дека има причина да се осврнувам на изјави од политички партии или нивни претставници. Сепак, како претседател на Уставниот суд, имам обврска да реагирам кога политичките партии покажуваат ниско ниво на политичка, правна и уставна култура. Мојата должност е да го заштитам угледот и достоинството на институцијата и функцијата што ја извршувам,“ истакна Костадиновски.

Костадиновски објасни дека целта на закажување на подготвителна седница за Законот за јазиците е да се зајакне довербата на граѓаните и да се добијат одговори за спорните правни прашања преку ангажирање на домашни и меѓународни експерти.

Граѓаните треба да знаат дека одлуката за овој предмет ќе биде донесена. Нема простор за сомнеж – без разлика дали некој ќе ја прифати или не, одлуката ќе биде конечна. Наша обврска е да постапиме по иницијативата и да ја донесеме одлуката, без оглед на сложеноста или чувствителноста на предметот. Нашето одлучување не е под влијание на политички или етнички фактори, туку е засновано на уставни и правни аргументи,“ изјави Костадиновски.

Тој нагласи дека подготвителната седница е алатка за подетално разгледување на спорните правни прашања.

Подготвителните јавни седници имаат клучна улога, особено кога се разгледуваат сложени предмети со значајни последици. Овие седници овозможуваат инклузивна дебата со учество на правни експерти и стручна јавност, што дополнително ја зголемува довербата во работата на судот,“ додаде Костадиновски.

Во врска со Законот за употреба на јазиците, Костадиновски информираше дека Уставниот суд побарал Amicus Curiae (пријателски совет) од Венецијанската комисија. Тој објасни дека оваа алатка ѝ стои на располагање на секоја уставна судска институција за да добие правно мислење за спорни правни прашања.

Венецијанската комисија веќе има дадено мислење за овој закон по барање на Владата или законодавецот по донесување на законот. Но, сега Уставниот суд одлучи да ја користи алатката ‘пријателски совет’ – Amicus Curiae – што значи дека имаме право да побараме правно мислење за клучни правни и меѓународни стандарди кои се релевантни за конкретниот предмет,“ објасни Костадиновски.

Костадиновски реагираше и на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој изјави дека на седницата во средата „ништо нема да се случи“.

Тоа што се тврди дека ништо не се случило не е точно. На седницата беше донесена одлука за продолжување на постапката и за нас тоа е јасен чекор напред. Нашата обврска е да ја завршиме започнатата постапка. Подготвителните седници не се формалност, туку се суштински процес во кој се анализираат и дискутираат сите спорни аспекти, особено за чувствителни предмети што можат да имаат сериозни општествени импликации,“ одговори Костадиновски.

Тој истакна дека Уставниот суд има обврска да ги разгледа сите аспекти на поднесените иницијативи.

Има 13 иницијативи кои се однесуваат на различни аспекти на Законот за јазиците. Ова ни наложува да бидеме детални и прецизни во нашата анализа. Целта е да обезбедиме дека сите аспекти ќе бидат разгледани и дека одлуката ќе биде правно и уставно заснована. Подготвителната седница овозможува јавноста и самите судии да се увериме во исправноста на нашите ставови,“ нагласи Костадиновски.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom