
Здружението на матични лекари од Куманово ја поздравува одлуката за зголемување на капитацискиот бод, соопштија денеска надлежните од здружението. Бодот за матичните доктори од општа медицина и гинекологија се зголеми од 75 на 100 денари или за 33 проценти, додека за стоматологија од 61 на 75 денари со што зголемувањето е од 23 проценти.
Матичните лекари од Куманово сметаат дека со оваа мерка се очекува да се намали одливот на лекари во странство, се создаваат услови за зголемување на платите на за средномедицинскиот персонал и се покриваат трошоците на ординациите.
Зголемувањето ќе оди во прилог на сите, особено за младите лекари кои ќе сакаат да останат овде и да отоврат ординација. Во Куманово голем дел од матичните лекари се пред пензија. Имаше ординации кои се затвораа поради финансиски проблеми, зголемена е минималната плата а таа чини, ние директно немаме партиципација, а материјални трошоци имаме многу. Ако трошоците пред неколку години беа 12.000, сега се над 25.000 денари, изјави, претседател на здружение на матични лекари Куманово, Фатмир Асани.
Матичните лекари се столбот на здравството и од кумановското здружение велат дека е важно е надлежните да го слушнат гласот на матичните доктори.