
Здружението на лица со дијабет од Охрид во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во четврток на 26 февруари организира средба со професионалните нутриционисти Наум Костов и Билјана Трајчевска (НутриДуо) обајцата од Охрид.
Темата е посебно актуелна: „Науката и трпезата: микробиомот во време на пост“.
Настанот ќе се одржи во читалната на Библиотеката од 16.45 часот и е отворен за сите заинтересирани.

Македонски



