
Нов апарат за магнетна резонанца од 1,5 Тесла, два лапораскопски столбови, инструментариум, односно апаратура за користење во салите за трауматологија доби Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Вкупната вредност на опремата, која Клиниката ја доби со помош на Владата, е околу 90 милиони денари (1,5 милиони евра).

На промовирањето на новата опрема на Клиниката денеска присуствува премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Пресреќен сум што имам можност да презентирам дел од опремата која ја добивме со помош на Владата. Со овие нови генерации апарати за магнетна резонанца се скратува времетраењето на прегледите односно се зголемува бројот на прегледи кои може да се извршат во текот на еден ден, што значи дека ако во претходниот период со оној апарат кој сме го имале и бил стар 16 години и сме правеле 4.000 магнетни резонанци на годишно ниво, тоа подразбира дека очекуваме дека со новиот апарат да правиме најмалку 5.000, а тоа се зависи од бројот на смени во кои ќе се работи, изјави директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов.

Посочи дека со овие нови генерации апарати за магнетна резонанца се скратува времетраењето на прегледите односно се зголемува бројот на прегледи кои може да се извршат во текот на еден ден, што значи дека ако во претходниот период со оној апарат кој го имале и бил стар 16 години и правеле 4.000 прегледи на магнетна резонанца на годишно ниво, очекуваат со новиот апарат да прават најмалку 5.000 прегледи на магнетна резонанца, а тоа се зависи од бројот на смени во кои ќе работат.


Македонски








