02.12.2024 (понеделник), 18.00
PUBLIC ROOM, поткровје
На ПАНЕЛ дискусијата ќе учествуваат:
· проф. д-р Весна Јаневска, министер за образование и наука
· м-р д-р Симонида Котларова Попоска, гинеколог
· Натка Пачоска, специјалист по медицинска психологија
· м-р Емилија Спасовска Мојсовска, нутриционист
После дискусијата, официјално се отвора фото изложбата наречена ВТОР ДЕН МИ Е, каде 13 девојки и жени земаа учество и беа фотографирани на вториот ден во циклусот и било кој друг ден. Разликата е евидентна. Фотограф е Стефан Самандов.
„Втор ден ми е“ е кампања за подигнување на свеста за напорниот втор ден од женскиот менструален циклус, но и за разбивање на стигмата поврзана со менструалното здравје на жената и повик за отворена комуникација во општеството.