
Доколку сакате да живеете поздраво, многу е важно да ги одбегнувате овошјето и зеленчукот кои се најмногу третирани со пестициди, а јагодите и спанаќот содржат најмногу отрови.
Овошјето и зеленчукот се клучни компоненти на здравата исхрана, но еднакво важно е да бидат безбедни за јадење, што значи да бидат исчистени од нечистотии и пестициди.
Секоја година од 2004 година, Работната група за животна средина, непрофитна организација која има цел да ја направи животната средина поздрава, рангира неоргански производи со најмногу пестициди, кои ги нарекува „12-те валкани“.
„Оваа година, утврдено е дека 75 отсто од сите конвенционални свежи производи содржеле остатоци од потенцијално штетни пестициди. Но од оние што влегоа во ’12-те валкани’, огромни 95 отсто од примероците содржат пестициди“, наведуваат од организацијата.
Јагодите и спанаќот ги зазеле првите две места на годинешната листа, а особено треба да се обрне внимание и на „големиот скок“ на грозјето.
Ова е комплетната листа на овошја и зеленчуци кои содржат најголема количина на пестициди…
Јагоди
Спанаќ
Кељ
Грозје
Праски
Круши
Нектарини
Јаболка
Бабура и лута пиперка
Цреши
Боровинки
Боранија