Европскиот производител на Кока-Кола од Белгија повлекува голема количина на безалкохолни пијалаци од повеќе земји поради повисоко присуство на хлорат.
Се повлекуваат пијалаците во конзерва и во стаклена амбалажа од 0,5 литри и тоа: Кока-Кола, Спрајт, Фанта, Фузе чај, Минут Меид, Налу, Ројал Блис и Тропико.
Coca-Cola Europacific Partners Belgium изјави дека контаминираните пијалаци се дистрибуирани во Белгија, Холандија, Британија, Германија, Франција и Луксембург од ноември.
Повлекувањето се однесува на производи со рок на траење помеѓу 04.02 и 12.04.2025 година, означени со шифрата „WP“ под датумот на задната страна од шишето над етикетата
Проблемот, како што наведува производителот, бил откриен при проверки во фабрика во Гент.
Според веб-страницата на Европската комисија, хлоратот во храната доаѓа од дезинфекција со хлор, кој се користи за третман на вода и преработка на храна, а водата зазема убедливо најголем удел.
Управата за безбедност на храна на ЕУ во научно мислење од 2015 година оцени дека долготрајната изложеност на хлорат во исхраната може да претставува потенцијален здравствен проблем за децата, особено оние деца кои имаат благ или умерен дефицит на јод.