Skip to main content

Грипот ги покоси Британците, бројот на хоспитализирани е за 350 отсто поголем отколку лани

Во Велика Британија бројот на хоспитализирани пациенти поради грип е зголемен за повеќе од 350 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека Националната здравствена служба (НХС) се соочува со „четирикратна епидемија“, јави денеска Скај њуз.

Веќе некое време имаше предупредувања за „тројна епидемија“ на Ковид, грип и РСВ (респираторен синцицијален вирус) оваа зима, но со порастот на случаите на норовирус, ова брзо може да стане „четирикратна епидемија, рече шефот на НХС Стивен Повис. Тој ги повика сите луѓе кои не се вакцинирани да се вакцинираат за да се заштитат.

Според последните податоци на Националната здравствена служба, изминатата недела по 1.099 илјади кревети секој ден биле зафатени од возрасни лица со симптоми на грип, а бројот на хоспитализирани поради грип е зголемен за 352 отсто во однос на истиот период лани.