Skip to main content

Поскапува претплатата на Нетфликс

Нетфликс ќе ги зголеми претплатите во повеќе земји откако бројот на корисници се зголеми за речиси 19 милиони во последните месеци од 2024 година.

Платформата за стриминг соопшти дека цената ќе биде повисока во Америка, Канада, Аргентина и Португалија.

Во Америка ќе се зголеми цената на речиси сите пакети. Стандардната претплата без реклами сега ќе чини 17,99 долари наместо претходните 15,49 долари. Пакетот со реклами ќе поскапи и за еден долар на 7,99 долари.

Нетфликс последен пат ја зголеми својата цена во Америка во октомври 2023 година, кога беше зголемена и цената на некои пакети во Обединетото Кралство.

Компанијата соопшти дека ја завршила минатата година со повеќе од 300 милиони вкупни корисници. Се очекуваше да добие 9,6 милиони нови корисници меѓу октомври и декември, но тој број беше надминат.

Платформата ќе пренесува повеќе настани во живо во иднина, вклучително и борење, а исто така ги купи правата за Светскиот куп за жени за 2027 и 2031 година.