
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Лука Геров“ со ул. „Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило Porsche со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К. (52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонски






