Skip to main content

Уште еден земјотрес почуствуван во Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 20 часот и 41 минути регистрираше уште еден земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 118 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани вести