
Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.