
Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови за појава на нестабилност и во југоисточните делови од државата.
Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Силно невреме проследено со дожд и со силен ветер попладнево го зафати Охридско – струшкиот регион.
Во Охрид поплавени се десеттици улици.
И во двата града поради невремето снема струја, а МЕПСО информира дека дошло до дефект на далеководот кој ги поврзува Охрид и Струга.
Според информациите голем дел од објектите и домаќинствата повторно се вратени на електричната мрежа а остануваат да се средат уште неколку помали дефекти.

Македонски


