
Во следните денови се очекува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќва во југоисточните делови на земјата се очекуваат врнежи над 20 литри на квадратен метар.
Во петок поинтензивни врнежи од дожд ќе има во крајните западни делови од државава. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер.
Од недела се најавува заладување, при што врнежи од снег се очекуваат на планинските предели и во дел од повисоките места во земјата.

Македонски



