Skip to main content

Планинар со скршена нога чека спас: Во тек е спасувачка акција на ДЗС и МВР

Freepik

Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и на Министерството за внатрешни работи (МВР) преземаат заедничка акција за извлекување на планинар кој утрово при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не може да се движи.

Информацијата ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, кој вели дека по добиената пријава веднаш бил мобилизиран тимот за спасување на планина.

Повредениот планинар, вели тој, се наоѓа на тешко пристапен терен каде во моментов е упатен спасувачкиот тим.

Припадници (на тимот) во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место, вели директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Потоа, како што додава тој, повредениот планинар ќе биде преземен од полициски хеликоптер со кое ќе ракуваат припадници на специјалната полициска единица „Тигар“.

Поврзани вести