
Времето до крајот на денот претежно облачно и студено наместа со повремен слаб снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје претежно облачно, тивко и студено со услови за провејување на слаб снег. Температурата ќе биде до 4 степени.
Според синоптичарите, времето утре ќе се задржи променливо облачно и студено време наместа со услови за провејување на слаб снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури, известуваат од УХМР.