Skip to main content

Облачно и врнежливо, на планините снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови каде ќе наврнат до 20 литри на квадратен метар. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.

Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и снег. Од недела до среда по котлините ќе има услови за појава на магла.

Поврзани вести